Цената на нафтата денеска повторно паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 100 долари, што е пад на цените во однос на вчера кога изнесуваше 102 долари. Во исто време, барелот на американскиот пазар се тргува за 97 долари и е под таканаречената магична граница од 100 долари.

Цените се стабилни во однос на претходната недела.

Минатиот петок овие деривати се тргуваа по цена од 110 односно 107 долари, а цената потоа продолжи да паѓа на ниво од околу 100 долари за барел на европскиот пазар. На почетокот на минатата недела цените на барелите беа на рекордно ниво и се искачија на 130 долари.

Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на Биткоин утрово изнесува 40.000 долари, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден. Во пораст се и другите криптовалути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.