Бурата Фиона денеска прерасна во ураган додека се приближува до брегот на Порторико, соопшти американскиот Центар за урагани.
Фиона најпрво помина над Гвадалупе каде што предизвика големи поплави во кои загина едно лице.
Сега, како ураган со ветрови до 130 километри на час, се приближува кон Порторико, каде што ќе предизвика обилни врнежи од дожд и лизгање на кал. Моментално се наоѓа на околу 80 километри од јужниот брег на Порторико.
Како што се загрева површината на океанот, има се повеќе урагани, со посилен ветер и повеќе врнежи. Тие урагани претставуваат зголемена опасност за населението на крајбрежјето. (МИА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.