Протестите поради строгите мерки на Кина во обид да се справи со коронавирусот, доведоа до затворање на милиони луѓе во нивните домови. Протестите сега се проширија во Шангај и други градови по тврдењата дека дошло до зголемување на бројот на жртви од пожарот во зграда. во северозападна Кина, пренесува АП.
Полицијата во Шангај употреби солзавец против околу 300 демонстранти кои се собраа синоќа да жалат за 10-те луѓе кои загинаа во пожар во Урумчи, во регионот Ксинџијанг, соопшти американската агенција, повикувајќи се на очевидци.
На социјалните мрежи се емитувани снимки од источен Нанџинг, Гуангжу во јужна Кина и во најмалку пет други градови, на кои се гледа дека демонстрантите се судираат со полицијата облечена во бели заштитни униформи или ги демонтираат барикадите што се користат за затворање на населбите.
Владата на претседателот Си Џинпинг, која спроведува стратегија за нулта толеранција за Ковид, се соочува со зголемен гнев во јавноста поради таквата политиката што го блокираше пристапот до областите низ Кина
Сепак, поради ваквата политика на Пекинг, стапката на зараза во Кина е помала од онаа во САД и другите земји.
Владејачката Комунистичка партија се соочува со зголемени поплаки за економските трошоци и несигурноста бидејќи бизнисите се затвораат, а семејствата остануваат изолирани со недели со ограничен пристап до храна и лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.