Бугарскиот генерал, Димитар Шивиков, во гостување на Националното радио на Бугарија, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наскоро ќе објави дека се предава.

Се ближи моментот кога претседателот на Украина ќе објави дека се предава. Не се сомневам дека Руската Федерација и нејзиниот воен контингент ќе победат во овој конфликт – изјави генерал Шивиков.

Тој посочи дека смета оти Бугарија не треба да и дава оружје на Украина, бидејќи таквите акции само ќе ја интензивираат ескалацијата.

Генерал Шивиков истакна и дека целта на Русија е демилитаризација и денацификација на Украина, а не нејзина окупација или уништување на државноста. Во исто време, Шивиков укажа на „екстремно русофобната политика“ што ја водат украинските власти од 2004 година.

Според него, Киев бил испратен на таков курс од „трансатлантски играч“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.