Бугарија го забранува пристапот до нејзините пристаништа на бродови сертифицирани од рускиот поморски бродски регистар, пренесува БТВ.

Пристапот е забранет за сите пловни објекти од 8 април, без оглед на знамето под кое пловат, доколку се заверени од рускиот поморски регистар.

Забраната е воведена врз основа на европска регулатива за рестриктивни мерки, поради војната на Русија во Украина.

Бугарија минатата година забрани влез во нејзините пристаништа на бродови под руско знаме.

Сепак, забраната сега се проширува за да ги вклучи и руските бродови кои пловат под знамиња на други земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.