Најмалку 36 луѓе се убиени, од кои 24 се деца во масакрот кој во четвртокот го извел поранешен полициски службеник на североистокот на Тајланд, објави весникот Khaosod, според кој уште најмалку 12 луѓе се ранети.
Локалните медиуми наведуваат дека најмладата жртва во налудничавиот крвав поход во детската граница во местото Нонг Буа Ламфи имала само две години.
Полицијата соопшти дека сторителот е поранешен нејзини припадник, кој пред една година бил отпуштен од службата поради зависност од наркотици, пукал во Центарот за ран детски развој во провинцијата Нонгбуаламфу во североисточен Тајланд.
Се прецизира дека полицијата прво го пронашла пикапот на напаѓачот на паркингот пред неговиот дом. Безбедносните сили ја опколиле зградата, сметајќи дека тој е внатре и се обиделе да започнат преговори, но никој не реагирал на повиците.
Поради тоа, претпоставиле дека напаѓачот побегнал со друго возило или пешки, но кога припадниците на оперативната група влегле во домот го пронашле телото на поранешниот полицаец, на неговата сопруга е едно дете. Тие имале повреди од куршуми кои соодветствуваат на повредите нанесени по пукањето од огнено оружје во детската градинка.
Според телевизијата, таму било пронајдено и поголемо количество оружје. Засега не се познати мотивите за масакрот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.