Повеќе од 70 луѓе загинаа ноќта кон четвртокот во пожар на петкатница во сиромашна населба во Јоханесбург, според новите бројки коишто ги објавија властите, додавајќи дека некои од жртвите најверојатно изнајмувале соби од криминални банди.

Во пожарот, кој започнал околу 1,30 часот, загинаа 73 лица а 43 се повредени, соопштија градските власти во една од најлошите трагедии од тој вид во поновата историја.

Властите во Јоханесбург првично тврдеа дека зградата била заземена од сквотери. Но градоначалникот Кабело Гваманда рече дека е во сопственост на градот, кој ја дал на хуманитарна организација за бездомни жени, но се чини дека „завршила за други цели“.

Лебоганг Исак Меиле, претставник на организацијата Humane Housing од провинцијата Гаутенг во која се наоѓа Јоханесбург, рече дека некои од жртвите најверојатно изнајмувале соби од криминални банди кои незаконски собирале кирии.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.