Најмалку 158 лица загинаа во катастрофалните поплави во Шпанија, предизвикани од обилни дождови на 28 октомври.

Бројот на загинати изнесува 158, а треба да се додадат и десетици исчезнати лица, изјави на прес-конференција Анхел Виктор Торес, министер задолжен за соработка со шпанските региони.

Се очекува бројот на жртви да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите.

Војската е повикана да им помогне на областите погодени од поплавите во Валенсија од денеска наутро, според регионалниот претседател.

Само што побарав вклучување на армијата и расположливите копнени, морски и воздушни сили за зајакнување на логистичките задачи и дистрибуција на помош до населението, соопшти синоќа преку објава на Икс.

Воената единица за итни случаи ме информира дека утре во 8 часот ќе започнат со работа првите екипи, додаде тој.

Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за спасување за итни случаи веќе им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи вчера во потрагата по тела и преживеани. Министерот за одбрана рече дека само војниците до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица.

Според извештаите, на 29 октомври делови од Валенсија за осум часа примиле количина дожд која е еднаква на просечната годишна количина за тој регион.
Најголемиот дел од вкупниот број на жртви – 155 се во Валенсија, додека две лица се загинати во Кастиља-Ла Манча на запад од покраината, и едно лице, британски државјанин, загина во Андалузија, наведува Би-Би-Си..

Вчера, спасувачките тимови, и покрај силниот дожд, ги пронајдоа телата на осум лица, меѓу кои и локален полицаец, кои биле заглавени во гаража на периферијата на градот Валенсија, изјави градоначалничката Марија Хозе Катала за медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.