Бројот на депортирани од Германија е зголемен за близу 27 отсто во првата половина од оваа година во однос на истиот период во 2022 година, покажуваат информациите подготвени како резултат на парламентарната истрага на партијата „Левица“ до германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.
Вкупно 7.861 депортација се случиле во првите шест месеци од годината, покажуваат бројките што првпат ги објави Ноје Оснабрикер Цајтунг – 1.644 од депортираните се жени, а 1.375 се малолетни.
Според податоците, најчесто депортирани се лицата со грузиско државјанство (705).
Луѓето чии барања за азил се одбиени или чии визи или дозволи за престој се истечени мора да ја напуштат Германија. Имиграциските власти се обврзани да ја извршат нивната депортација доколку не постојат попречувачки фактори како што се болест или други основи за привремена суспензија. Сепак, овие депортации честопати не успеваат, наведува ДПА.
Според информациите, во првата половина од годината морале да бидат прекинати 520 обиди за депортација. Најчести причини биле отпорот на засегнатите лица, одбивањето на пилотот или авиокомпанијата и одбивањето на федералната полиција да изврши апсење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.