Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на разузнавачките служби, во кој се обработуваат информации за ситуацијата во Белорусија, каде вчера беше објавено дека се одржуваат големи воени вежби.
Белоруски копнени сили се забележани како се распоредуваат од гарнизоните на терен, заради вежби, се вели во соопштението.
Притоа се проценува дека активностите не се подготовки за инвазија врз Украина, туку во рамки на вообичаената практика белоруската армија во мај да го заокружува зимскиот циклус маневри.
Во документот уште се проценува дека Русија „најверојатно ќе настојува да ја искористи засилената закана што за Украина претставуваат маневрите“, во смисол што засилените активности на белоруската армија ќе ги фиксира украинските сили во северниот дел на земјата спречувајќи нивен ангажман во борбите за Донбас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.