Владимир Путин во наредните денови би можел да објави нова светска војна, предупреди британскиот министер за одбрана, јавија британските медиуми.
Бен Волас рече дека рускиот лидер би можел да започне масовна мобилизација и „да го искористи Први мај за да им објави војна на нацистите во светот“.
Путин на 24 февруари ја започна руската инвазија на Украина, оквалификувајќи ја како „специјална операција за ослободување на Украина од нацистите“. Оттогаш, украинските градови се погодени од гранатирање во борба за која британската премиерка Лиз Трс рече дека може да трае 10 години. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека опасноста од нуклеарна војна е сериозна.
Сега Волас во изјава за Ел-Би-Си Радио рече дека Путин, кој „не успеа“ во повеќето негови цели во војната со Украина, може да им објави војна на „светските нацисти“.
„Не би бил изненаден доколку на 1 мај изјави дека ‘сега сме во војна со светските нацисти и дека мораме масовно да го мобилизираме рускиот народ“.
Според него Путин не успеа во речиси сите негови цели, и „можеби ќе сака да го консолидира она што го има.“
Околу осум илјади британски војници е учествуваат во вежби во Источна Европа во едно од најголемите по Студената војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.