Британскиот премиер Риши Сунак денеска ги повика паравоената група Вагнер и руските сили да дејствуваат одговорно и да ги заштитат животите на цивилите додека ескалираат тензиите меѓу поранешните партнери.
Зборувајќи за Би-Би-Си, Сунак рече дека ќе биде во контакт со лидерите на сојузничките земји, а секако и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Внимателно ја следиме ситуацијата, бидејќи таа се развива на терен додека разговараме“, додаде Сунак.
Тензиите меѓу Москва и паравоената група се зголемија откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите платеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.