Британскиот платеник, Шон Пинер, објави видео од борбите во регионот на Доњецк, снимено со акциона камера „ГоуПро“, кое веројатно се случило релативно неодамна.
Пинер во описот на видеото вели дека снимката е направена за време на битка во која и тој учествува.
Одевме да го нападнеме ровот со 5-10 Руси, но се покажа дека имало до триесет со поддршка на Т-90М“, вели Британецот.
Шон Пинер, кој беше заробен во Мариупол, прво беше осуден на смрт, заедно со уште неколку други странски платеници, но подоцна беше ослободен како резултат на размена на заробеници, договорена со учество на Роман Абрамович.
Пинер се врати во Украина на почетокот на декември, 10 недели откако беше ослободен.
Како што пренесува британски „Сан“, тој им ветил на мајка си и на возрасниот син дека повеќе нема да учествува во борбите, туку дека само ќе биде заедно со сопругата Лариса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.