Водечкиот експерт кој учествувал во создавање на вакцината АстраЗенека вели дека не е изводливо сите во светот да примаат бустер доза неколку пати годишно.
Не можеме да ја вакцинираме планетата на секои 4 до 6 месеци. Тоа не е одржливо ниту може да се финансира, рекол професорот Ендрју Полард, директор на Оксфордската група за вакцина и шеф на британскиот Одбор за вакцинација и имунизација во интервју објавено во „Дејли Телеграф“.
„Во иднина треба да ги заштитиме загрозените групи“
Полард исто така ја нагласил потребата во иднина да се заштитат загрозените групи, наместо да се вакцинираат сите постари од 12 години со нови дози.
Потребни се повеќе податоци за да се утврди дали, кога и колку често им се потребни дополнителни дози на оние кои се загрозени. Тој смета дека се потребни дополнителни докази пред да им се понуди четврта доза на вакцина на граѓаните на Велика Британија.
Во Велика Британија во тек е вакцинирање со трета доза, која можат да ја примат здрави лица постари од 18 години и ризични лица постари од 16 години.
„Помалку од 10 отсто од луѓето во сиромашните земји примиле само прва доза“
Во друго интервју објавено денес за „Скај Њуз“, Полард предупреди на нерамномерната достапност на вакцините ширум светот.
– Едноставно, од глобална перспектива не е одржливо или исплатливо да му се дава нова доза на секој човек на планетава на секои 6 месеци. И запомните дека досега помалку од 10 отсто од луѓето во сиромашните земја се вакцинирани само со прва доза, така што целата идеја за редовните дози на глобално ниво едноставно не е разумна, заклучил Ендрју Полард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.