Амбасадорот на Обединетото Кралство во Мексико беше сменет на почетокот на оваа година, откако беше снимен како вперува автоматска пушка кон вработен во локалната амбасада, беше објавено денеска.
Според „Фајненшл тајмс“, амбасадорот Џон Бенџамин бил на службено патување во две мексикански држави со силни нарко картели кога од возилото со кое патувал извадил пушка и ја вперил кон вработениот.
Видеото кое наводно го прикажува инцидентот било објавено на платформата „Икс“ од анонимен корисник, кој покрај видеото напишал: „Во контекст на секојдневните убиства во Мексико за кои се одговорни дилерите на дрога, тој се осмелува да се пошегува“.
Британското Министерство за надворешни работи официјално не објави дека го отпуштило Бенџамин. Сепак, на официјалната веб-страница на владата се наведува дека тој „беше британски амбасадор во Мексико помеѓу 2021 и 2024 година“.
Според веб-страницата, Бенџамин „се приклучил на службата за надворешни работи во 1986 година, откако претходно ја претставувал британската влада во Чиле, Гана, Турција, Индонезија и САД во текот на 35-годишната кариера“.
Министерството изјави за Фајненшл Тајмс: „Свесни сме за овој инцидент и презедовме соодветни мерки“.
UK Ambassador to Mexico, Jon Benjamin, removed from his position after pointing gun at local staff member pic.twitter.com/D54jdKgkld
— BNO News (@BNONews) June 1, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.