Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за состојбата во Украина.

Во извештајот се наведува дека руските сили речиси сигурно изгубиле илјадници војници за време на воената акција во Украина.

Како што наведуваат Британците, најверојатно, тоа ќе биде причина Русија да почне масовно да ангажира резервисти, како и странски платеници за да ги надомести загубите.

Сепак, нејасно е како овие групи ќе се интегрираат на терен со постојните руски трупи во Украина и каквa ќе биде нивната борбена ефикасност – се наведува во британскиот разузнавачки извештај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.