Банди на албанската мафија во Велика Британија сеат страв во предградијата во војната за превласт во бизносот со марихуана.
Бруталните видеа објавени на Тик Ток покажуваат дека бандите не бираат средства, а често моѓат да се слушнат и претепаните жртви како врескаат и молат за милост. Користат киднапирања, лажно затворање и брутално тепање за да го зацврстат својот авторитет во мрежата на засолништа за дрога во станбените згради низ целата земја. Некои од видеата имаат дури повеќе од 10.000 прегледи.
Овие снимки се објавуваат како „остро предупредување за тоа што ќе се случи со оние кои ќе изберат да ги напуштат или да ги предадат“.
Како што пишува Дејли Мејл, криминолозите сметаат дека бандите го прикажуваат крвавиот напад на социјалните мрежи за да ја покажат својата сила над ривалските криминални групи. Тоа го прават, наводно, за да привлечат нови членови на бандата.
ALBANIAN GANGSTERS fighting for control of the UK’s cannabis market are posting social media videos of KIDNAPPINGS and BEATINGS as a warning to rival GANGS
TRAFFICKERS offering ILLEGAL MIGRANTS chance to work in factories to pay off debts https://t.co/bOHF7mbtC9
— Active Patriot (@ActivePatriotUK) October 21, 2022
Тајна истрага откри дека трговците со луѓе им нуделе на илегални мигранти да работат во „куќи со канабис“ за да ги платат своите долгови.
Оваа информација доаѓа откако МВР предупреди дека бранот криминални банди претставува „значителен ризик“ за националната безбедност, при што традиционалните баратели на азил се заменети со „млади работоспособни мажи“ за кои постои сомневање дека се поврзани со организиран криминал.
Албанците сочинуваа околу 60 отсто од мигрантите во Британија во текот на летото, а се смета дека оваа година пристигнале дури 7.000, од кои многумина биле вовлечени во бруталното криминално подземје.
Инаку, Албанија лани имала најголем број свои државјани во англиските и велшките затвори, дури 1.528 затвореници, пишува британскиот весник.
Едно видео на Тик Ток насловено „Злото доаѓа од нас“, кое има повеќе од 11.000 прегледи, покажува како Албанец испрашува затвореник со црни прстени околу очите кои се отечени за да го принудат да признае дека упаднал во нивната фабрика за канабис и да каже кој го испратил. Друг маж на истото видео е снимен како му се заканува дека ќе го тепа доколку одбие да одговори и го тера да ја отвори устата за да покаже дека веќе му се скршени забите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.