Британскиот премиер Риши Сунак објави договор со Албанија кој предвидува забрзана обработка на барањата за азил и масовна депортација на оние кои се одбиени, како дел од големиот пакет мерки за борба против илегалната имиграција.

Ќе бидеме цврсти, но фер“, рече Риши Сунак во парламентот.

Тој рече дека владата ќе депортира „илјадници“ Албанци во наредните месеци, кои претставуваат околу една третина (13.000) од мигрантите кои пристигнаа во Британија оваа година со мали чамци преку Ла Манш.

И покрај ветувањата дека Британија по Брегзит ќе ја преземе контролата над своите граници, таа никогаш не видела толку многу пристигнувања на мигранти преку Каналот како што е сега. Од почетокот на годината, околу 45.000 од нив го преминале Ла Манш и дошле во Британија, во споредба со речиси 30.000 во 2021 година.

Меѓу мерките што ги најави Сунак е и испраќањето британски полицајци на аеродромот во Тирана, подигнувањето на прагот според кој барателот на азил се смета за жртва на модерното ропство, како и уверувањето од албанската влада дека жртвите ќе бидат заштитени.

Сунак нагласи дека Албанија е „безбедна“ земја и дека со најавените измени, огромното мнозинство албански барања за азил едноставно ќе бидат прогласени за „очигледно неосновани“.

Лидерот на конзервативната влада, исто така, најави дека бројот на агенти кои ги обработуваат барањата за азил ќе се удвои за да се надоместат доцнењата и дека старите центри за одмор, студентските домови или воените објекти ќе се користат за преполовување на трошоците за сместување на барателите на азил во моментот сместување во хотели.

Сунак, исто така, рече дека владата ќе продолжи со проектот за депортирање на барателите на азил кои нелегално пристигнале на британска територија во Руанда. Засега таа постапка е во застој по интервенција на Европскиот суд.

Фото: Mark Kerrison/In Pictures/Getty Images



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.