Битката за Славјанск најверојатно ќе биде следното клучно бојно поле во битката за Донбас, бидејќи руските сили се затворија на 16 километри од градот. Ваква проценка за ситуацијата на бојното поле даде Министерството за одбрана на Велика Британија, пренесува Гардијан.

Се верува дека руските сили сега се на околу 16 километри северно од Славјанск, според најновиот извештај на британското разузнавање.

Постои реална можност битката за Славјанск да биде следната клучна точка во битката за Донбас, бидејќи Русија продолжува да ја консолидира својата контрола над Лисичанск и Луганск, се додава во извештајот.

На север, Москва ги насочи повеќето од преостанатите расположливи единици од источните и западните групи сили да ја продолжат офанзивата во правец на Изум, каде што во текот на изминатата недела, руските сили веројатно напреднаа уште пет километри, се вели во соопштението на британското министерство, пренесува Гардијан.

Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога руските сили го гранатираа Славјанск во областа Доњецк, изјави во вторникот шефот на украинската регионална воена администрација во Доњецк, Павло Кириленко, пренесе Си-Ен-Ен.

„Русите повторно намерно напаѓаат места каде што се собрани цивили. Ова е чист тероризам“, напиша Кириленко на Телеграм, повикувајќи го населението да се евакуира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.