Британец кој патувал од Лондон до Лос Анџелес, во авионот на компанијата „Вирџин Атлантик“ предизвикал инцидет.
Вилијам Стивен Хејс (39) е уапсен под сомнение дека ги нападнал членовите на екипажот, поради што летот бил пренасочи кон Солт Лејк Сити.

Во соопштението на полицијата во Солт Лејк Сити, се наведува дека авионот слетал во Јута откако Хејс се вознемирил за време на летот, што предизвикало интервенција на екипажот, кој морал да го задржи.

Додека бил врзан, Хејс ги удирал седиштата и прозорците на авионот и повредил некои членови на екипажот и еден патник, се вели во соопштението, додавајќи дека никој не е сериозно повреден.

По слетувањето во Солт Лејк Сити, Хејс бил одведен во окружниот затвор, а полицијата соопштила дека случајот бил предаден на федералните обвинители, кои обично имаат јурисдикција за меѓународни летови. Авионот потоа го продолжил летот за Лос Анџелес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.