Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (БРИКС) разговараат за можноста за создавање единствена валута, изјави Павел Књазев, генерален амбасадор на руското Министерство за надворешни работи во БРИКС.
-Се разговара за можноста и изгледите за заедничка единствена валута, сметководствената валута базирана на БРИКС – рече Књазев за време на експертската дискусија за перспективите за проширување на БРИКС и Шангајската организација за соработка, чиј домаќин беше клубот Валдај.
Околу 15 земји изразија интерес за приклучување кон БРИКС, која е неформална асоцијација на најголемите светски економии во развој, формирана во 2006 година за да ја подобри соработката меѓу овие нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.