Министрите за надворешни работи на Европската унија не можат да бидат сигурни дека денеска ќе биде постигнат договор за нафтено ембарго кон Русија – изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој објасни дека има „цврсти позиции на некои земји-членки, пренесува „Ројтерс“.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел на редовниот Совет на ЕУ во мај, каде се очекува дискусија за воведување ембарго за увоз на руска нафта поради нападот врз Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.