Европската унија има потреба од сопствени вооружени сили за да ја осигура нејзината безбедност, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

Новото безбедносно опкружување покажува дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност. Затоа ни е потребна модерна и интероперативна европска армија, објави Борел на својот блог.

Според него, ЕУ треба да работи во три главни насоки за реализација на тоа – прво, членките на Унијата да работат на зајакнување на борбената готовност на силите; второ, квалитативно и квантитативно да се зголемат постоечките капацитети во следните пет години и трето – да се развијат клучни заеднички капацитети во подолг временски период.

Време е да се подобри европската одбрана. Треба да ја зајакнеме европската одбранбена индустрија и да бидеме оперативни со потребните воени капацитети. Да ја зголемиме воената способност за одбрана, да го зајакнеме НАТО и подобро да ги поддржуваме нашите партнери, нагласи Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.