Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска рече дека изјавите на одредени членови на израелската влада за присилното преселување на цивили од Појасот Газа се неприфатливи.
Изјавите на некои претставници на израелската влада за оневозможување на цивилите да живеат во Газа и принудување на цивилите да одат од таму се вознемирувачки, контрапродуктивни и опасни, напиша Борел на социјалната мрежа „Икс“.
Тој додаде дека цивилите во Појасот Газа мора да бидат заштитени.
„Инсинуациите за принудно раселување се целосно неприфатливи“, рече Борел.
Израелскиот претседател Исак Херцог изјави претходно оваа недела дека присилното раселување на Палестинците од Појасот Газа не е политика на неговата земја.
„Тоа апсолутно не е став на израелската влада, израелскиот парламент или израелската јавност. Во општество каде слободата на говорот е основата на нашата национална ДНК, луѓето можат да кажат што сакаат“, изјави Херцог за телевизијата Ен-Би-Си, на прашањето за неодамнешните изјави на некои членови на израелската влада кои сугерираат дека Палестинците треба насилно да бидат иселени од Газа. (
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.