Европска Унија работи на подготовките за воведување санкции против членовите на хунтата, која минатиот месец ја презеде власта во Нигер, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Кога ќе се одлучува за санкциите, ЕУ ќе се обиде да ги преслика мерките преземени од Економска организација на западноафриканските држави (ЕКОВАС), истакна Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Толедо, Шпанија.

Тој додаде дека утре на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе предложи формирање правна рамка за воведување санкции за одговорните за пучот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.