ЕУ е економска и морална велесила, но не и воена, нагласува шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Тој наведува дека членките мора да разберат дека во случај на потреба, Европа треба да биде во можност да се брани и дека треба да има алатки.

Борел во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ вели дека тоа не мора да биде војската на ЕУ.

Ниту една од 27-те армии нема да биде заменета со една европска армија. Само треба да ги обединиме нашите сили, да ги координираме и подобро да инвестираме во одбраната. Ништо повеќе. Ние трошиме за одбрана колку Кина и четири пати повеќе од Русија. Поради должничката криза, влеговме во фаза на разоружување. Затоа не можеме да се соочиме со сегашните предизвици како што треба. Ефикасноста е клучниот збор, во спротивно тоа е само губење пари, објасни Борел.

На прашањето дали предупредувањата на Полска и балтичките земји за опасност од руска агресија не се сфатени сериозно, Борел рече дека историјата и географијата се од големо значење за разбирање на кризата.

Литванија географски и историски е позагрижена за Русија отколку за југот на Шпанија, каде што е повеќе загрижена за Северна Африка. Ние во Европа не треба да им пристапуваме на предизвиците одделно, туку заедно, рече тој.

На изјавата дека еднаш рекол дека „Европа мора да научи да зборува на јазикот на силата“, изјави дека таа реченица постојано го следи и објасни дека мислел на глобалното влијание.

Русија, САД и Кина имаат искуство во тоа, но и воено, и нивната моќ се заснова на тоа. Не се работи само за воена сила. Европа е основана како мировен проект, кој преку економска соработка требаше да создаде меѓусебна зависност, а со тоа да придонесува за мирот. Човековите права се слобода и почитување. Денес тоа не е доволно. Русија ја користи трговијата како оружје, рече тој.

Борел оцени дека неутралноста денес не е иста како во времето на Студената војна.

Неутралноста денес не ја спречува Австрија да учествува во мировните мисии, на пример во Мали, Босна и Херцеговина, Мозамбик, потсети Борел.

Следната недела министрите за одбрана на ЕУ ќе презентираат план за мисија за воена обука во Украина, на прашањето како би изгледала, Борел рече дека ЕУ го поддржува украинското воено оружје и дека е важно да се обучуваат војници како да го користат.

Украинците, објасни тој, ќе се обучуваат не во Украина, туку во Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.