Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, чии приврзаници вчера упаднаа во Националниот конгрес, претседателската палата и Врховниот федерален суд, на Твитер напиша дека „нападите и уништувањето јавни објекти” е во спротивно правото на мирен протест.
Во друг твит Болсонаро, кој се наоѓа во во САД, ги отфрли „недокажаните обвинувања” на неговиот наследник Лула, дека за „фашистичкиот вандализам” е виновна реториката на неговиот претходник.
И партијата на поранешниот претседател ги осуди постапките на неговите приврзаници, јави ДПА.
„Денес е тажен ден за бразилската нација. Денешните настани во Бразил се срам за сите нас, тие не ја претставуваат нашата партија, тие не го претставуваат Болсонаро”, изјави лидерот на Либералната партија, Валдемар Кошта Нето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.