„Бог нѐ сака такви какви што сме“, изјави папата Франциск, обраќајќи се на трансродово лице, објавија ватиканските медиуми.

Неговите зборови беа кажани во подкаст во кој тој слушаше и одговараше на аудио пораки пред католичкиот младински фестивал во Португалија следната недела.

Една од пораките дојде од Гиона, Италијанка на дваесетина години, која рече дека е растргната од „дихотомијата меѓу нејзината католичка вера и нејзиниот трансродов идентитет“.

Папата одговори дека Господ е секогаш со нас, „дури и кога сме грешници, тој ни се приближува за да ни помогне“.

„Господ нѐ сака такви какви што сме. Тоа е луда Божја љубов“, рекол папата Франциск.

Католичката црква посочува дека членовите на ЛГБТ заедницата треба да се третираат со почит, сочувство и чувствителност и дека треба да се почитуваат нивните човекови права.

Односот на црквата кон ЛГБТ заедницата, жените и католиците кои се развеле и повторно се венчале во црква ќе биде тема на светската средба на бискупите што треба да се одржи во октомври годинава и во 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.