Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод годишнината од нападот на групата Хамас на југот на Израел, изјави дека е време да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што ќе овозможи ослободување на заложниците, ублажување на страдањата на израелскиот и палестинскиот народ и на крајот ќе доведат до крај на војната, објави Стејт департментот.

Блинкен нагласи дека на годишнината од конфликтот, САД стојат со Израел додека се бранат од тероризмот и остануваат непоколебливи во својата заложба за траен мир и стабилност во целиот регион на Блискиот Исток и заедничка иднина за Израелците и Палестинците.

„Меѓународната заедница, исто така, мора да застане непоколебливо во соочувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, вклучително и изворите на поддршка за групи како Хамас. Таа мора да ја осуди поддршката на Иран за Хамас и другите терористички групи во регионот кои се одговорни за толку многу смртни случаи, уништување и нестабилност“, изјави Блинкен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.