Американскиот државен секретар Антони Блинкен неделава ќе почне нова посета на Блискиот Исток, најави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

– Секретарот Блинкен в петок ќе отпатува за Израел на состаноци со членовите на израелската Влада, а потоа ќе посети и други места во регионот, наведе Милер, без да наведе дополнителни детали.

Претходно, беше соопштено дека американскиот претседател Џо Бајден бара „итни механизми“ за намалување на регионалните тензии поради војната помеѓу Израел и Хамас.

Белата куќа соопшти дека Бајден синоќа разговарал со лидерот на клучниот американски партнер Јордан, каде Блинкен беше повеќе пати во посета откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

– Бајден и кралот Абдула Втори разговараа за итни механизми за запирање на насилството, смирување на реториката и намалување на регионалните тензии, се посочува во соопштението на Белата куќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.