Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Израел изјави дека убиството на лидерот на Хамас дава „значајна можност“ да се стави крај на војната во Газа.

„Искрено верувам дека смртта на (Јахја) Синвар создава значајна можност да се вратат заложниците, да се стави крај на војната и да се обезбеди безбедноста на Израел“, рече Блинкен за време на состанокот со израелскиот претседател Исак Херцог, кој следеше по неговите разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Блинкен на средбата со Нетанјаху исто така повика Израел да ги искористи можностите што се појавија по смртта на Синвар, за да се обезбеди ослободување на израелските заложници, кои ги држи Хамас во Појасот Газа од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт.

Тој вчера пристигна во Израел на неговата 11-та посета на регионот откако на 7 октомври минатата година избувна војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, беше убиен во израелски воздушен напад на 16 октомври во Рафа во Појасот Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.