Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја обвини Русија дека извршила воени злосторства со нападите врз цивили во Украина.

– Намерното таргетирање цивили е воено злосторство. По целото уништување во изминатите неколку недели, тешко ми е да заклучам дека Русите спротивно постапуваат – наведе Блинкен.

Тој најави дека американскиот претседател Џо Бајден на утрешната средба со кинескиот колега Си Џинпинг ќе го предупреди Пекинг да не ѝ дава воена помош на Русија за нејзината војна во Украина.

– Претседателот Бајден утре ќе разговара со претседателот Си и јасно ќе стави до знаење дека Кина ќе сноси одговорност за какви било активности што ќе ги преземе за поддршка на руската агресија. И ние нема да се двоумиме да наметнеме трошоци – нагласи Блинкен.

Блинкен додаде дека Русија не вложува сериозни напори во преговорите со Украина за ставање крај на тринеделната војна.

– Од една страна, ја пофалуваме Украина што е на маса и покрај тоа што е под бомбардирање секоја минута од денот. Во исто време, не видов никакви значајни напори од страна на Русија – истакна Блинкен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.