Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска на сослушувањето на Сенатската комисија изјави дека вкупно 1.000 Американци се заглавени во Газа и сакаат да заминат.

Највисокиот американски дипломат рече дека тој и Стејт департментот биле „интензивно фокусирани на ова“.

– Бевме во блиска комуникација, колку што можевме, со Американците кои беа заглавени во Газа. Имавме околу 5.500 комуникации што ги инициравме телефонски повици, е-пошта, WhatsApp – за да стапиме во контакт со нив, за да се обидеме да ги насочиме најдобро што можеме и да работиме на нивната можност да си заминат, изјави Блинкен.

Во Газа има околу 5.000 други државјани на трети земји кои исто така сакаат да заминат, рече Блинкен и како и другите американски функционери го обвинија Хамас за неможноста Американците да ја напуштат Газа.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер минатата недела изјави дека Каиро е подготвен да ги прими Американците и другите странски државјани доколку можат да стигнат до египетската страна на преминот Рафа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.