Непристапувањето на Украина кон Северноатлантската Алијанса не треба да се гледа како отстапка пред Русија, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
Не сметам дека тоа е отстапка. Според мене, тоа е одраз на реалноста, дека и пред руската агресија Украина не можеше за брзо време да се присоедини кон НАТО – рече Блинкен во изјава за Си-Ен-Ен.
Блинкен ја повтори загриженоста на САД дека Кина би можела да и пружи материјална помош на Русија или да и помогне на Москва да ги заобиколи воведените санкции.
Постои вербална поддршка од Кина или барем отсуствува недвосмислен став на Пекинг по однос на руските активности. Тоа е во спротивност со сето она на што декларативно се обврза Кина, вклучувајќи ги тука и основните принципи на Повелбата на ОН за почитување на суверенитетот на државите. Фактот што Кина не ги осуди постапките на Русија многу говори – не само за Русија, Украина или Европа туку и за целиот свет – рече Блинкен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.