Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Рамалах ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Тоа ќе биде прва посета на Блинкен на Западен Брег по почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Појасот Газа.

Според неименуван палестински функционер Блинкен ќе разговара со Абас за иднината на Појасот Газа по завршувањето на војната.

Блинкен, претходно на сослушувањето во американскиот Конгрес, истакна рече дека „во одредена фаза ќе биде најразумно една ревитализирана и ефективна палестинска власт да го преземе управувањето со Појасот Газа, која ќе ја сноси крајната одговорност за безбедност во енклавата.

Абас наведе дека предлогот на Блинкен може да се спроведе само со решението две држави.

Поголемиот број израелски министри ја отфрлаат таквата опција, бидејќи ја гледаат како закана за еврејската држава.

Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година, соборувајќи го движењето Фатах предводено од Махмуд Абас. Фатах моментално ги контролира само палестинските области во Западниот Брег.

Американскиот државен секретар вчера во главниот град на Јордан, Аман имаше средба со министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, кои побараа итен прекин на огнот. Блинкен го повтори ставот на САД дека Израел има право на одбрана но Хамас, но оти мора да се преземат сите мерки за да се спречат цивилни жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.