Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во разговор со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба истакна дека американските дипломати се подготвуваат за враќање во Украина што е можно побрзо.
Блинкен наведе дека американските дипломати биле во прва посета на Лавов за да се подготват.
Амбасадата на САД во Киев беше евакуирана во февруари непосредно пред почетокот на руската инвазија врз Украина.
САД секојдневно испраќаа дипломати преку полската граница да работат во Лавов, пред градот да биде отсечен. Лавов е лоциран во западна Украина на околу 470 километри од Киев.
Лавов во голема мера е поштеден во конфликтот, иако ракетен напад пред неколку дена беше насочен кон железнички објект во близина на градот.
САД се една од водечките земји кои ја поддржуваат Украина во војната, обезбедувајќи милијарди долари помош и оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.