САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Доколку Русија ги повлече своите сили и е подготвена за преговори, ние сме подготвени да го сториме истото – рече Блинкен.

Според него, САД се отворени за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и безбедноста, „но за дипломатија е потребна деескалација во Украина“.

Блинкен рече дека западните земји ги координираат акциите насочени кон забрзување на испораката на опрема за противвоздушна одбрана, противтенковски системи и друго оружје за Украина.

Шефот на американската дипломатија изјави дека САД документираат случаи на убиства на цивили за време на руската инвазија врз Украина и ќе побараат одговорност за тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.