Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон им ја честитаа изборната победа на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс.
Клинтон изразија надеж дека Трамп и Венс ќе „владеат за сите“.
Тие ги пофалија и демократските кандидати за претседател и потпретседател Камала Харис и Тим Валц, кои ги поддржаа, за „позитивната, прогресивна кампања со која сите треба да се гордеат“, јави Си-Ен-Ен.
– Мораме да запомниме дека Америка е поголема од резултатите на какви било избори и она што ние како граѓани го правиме сега ќе ја направи разликата помеѓу нацијата што оди напред и онаа што се движи назад, рекоа Клинтон на X.
Американскиот претседател Џозеф Бајден му честиташе на Трамп и најави дека вечерва ќе и се обрати на јавноста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.