Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ги повика богатите земји да инвестираат милијарди долари во развој на вакцини за да можеме да се подготвиме за следната глобална епидемија.
Гејтс рече дека иако варијантите на делта и омикрон се едни од најзаразните вируси досега, во иднина би можеле да бидеме погодени од подеднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува Фајненшл Тајмс.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Wellcome Trust донираа 300 милиони американски долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (ЦЕПИ), која помогна да се формира програмата Ковакс, која обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.
Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот за добивање на новата вакцина да се намали на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.
Кога станува збор за трошење милијарди за да се спасат милијарди во смисла на економска штета и десетици милиони животи, би рекол дека тоа е прилично добра полиса за осигурување“, рече Гејтс, истакнувајќи дека таквиот навидум огромен напор, дури и во економска смисла, ќе спречи многу полоша штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.