Во Канада, параолимписката атлетичарка и воена ветеран, Кристин Готје, веќе пет години бара од локалните власти да постават рампа за пристапност во нејзиниот дом, објави „Њујорк пост“.

Како одговор на нејзината последна жалба до Советот на ветераните, на Готје ѝ било понудено да и биде извршена бесплатна евтаназија како олеснување. Тогаш Кристин Готје почнала да пишува до Долниот дом, им се обратила на медиумите, па дури и на премиерот на Канада.

Во текстот се вели дека властите одговориле со ветување дека „ќе направат увид“, но рампата за инвалидната жена никогаш не била поставена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.