Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.