Конфликтот меѓу Косово и Србија е потенцијална закана за Берлинскиот процес, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Берлинскиот процес во Тирана.

Конфликтот меѓу Косово и Србија е потенцијална закана за Берлинскиот процес. Ние сме на иста линија со САД и ЕУ во однос на повлекувањето на српските сили од северот на Косово. Мора да покажеме поголема решителност со присуството на КФОР во општините со српско мнозинство, посочи Бербок.

Бербок оцени дека заедничките средби се „вистинскиот пат да се оди побрзо кон ЕУ“.

Ние сме тука во центарот на Европа и ова е патот побрзо да се оди кон ЕУ. Важно за врската меѓу Западен Балкан и Европската Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.