Блокирањето на влезот на Романија и Бугарија во Шенген зоната, претставува лош ден за Европа, рекла денеска германската министерка за надворешни работа Аналена Бербок.
На Романија и Бугарија денеска им е одбиен пристап на подрачјето на Европската унија во кое движењето на луѓето е можно без пасош, по приговорите во кои предничела Австрија, јавува “Reuters”.
“До последен момент се боревме да обезбедиме прием на Бугарија и Романија во шенгенскиот простор”, изјавила Бербок на прес-конференцијата во Даблин.
Истакнала дека ваквата одлука е повеќе од грешна, не само во европски рамки, туку и од геополитичко гледиште.
„Наместо да се гордееме дека сме направиле нешто убаво за Европа, мораме да признаеме дека ова е лош ден за нашата Унија“, навела германската министерка за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.