Белорусија почна ненајавена инспекција на борбената готовност на своите трупи соопшти денеска Министерството за одбрана.

Активностите ќе бидат сеопфатни по карактер, трупите ќе мора што побрзо да се префрлат во подрачја предвидени за тоа, со инжинерска опрема, да организираат заштита и одбрана и да постават понтонски премини преку реките Неман и Березин, соопшти Министерството за одбрана на Белорусија.

Се наведува дека ќе биде транспортирана воена техника и персонал, како и дека поради тоа ќе биде ограничен сообраќајот на одредени јавни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.