Двата главни аеродроми во Белгија ќе добијат казна од 300 илјади евра вкупно затоа што недозволено им мереле температура на патниците за време на кризата со Ковид-19.

Одлуката доаѓа од белгиското тело за заштита на личните податоци (АПД), кое соопшти дека аеродромот во Брисел е казнет со 200 илјади евра, а аеродромот во Шарлероа со сто илјади евра затоа што мерењето на телесната температура на патниците се правело без никаква правна основа и тоа било нелегално.

Аеродромите во Белгија ја донесоа одлуката за мерење на темшература на патниците во рамки на борбата за спречување на ширење на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.