Белгија ќе уништи 3,5 милиони вакцини против Ковид за 80,2 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Се прецизира дека тоа е неопходно поради истекување на рокот на траење на вакцините.
Уништените количества сочинуваат 6,45 отсто од вкупно 54,3 милиони дози обезбедени од властите.
Со население од 11,7 милиони луѓе, тоа значи дека белгиските власти платиле за вакцинација со пет дози на секој белгиски граѓанин.
Белгиското Министерство за здравство наведува дека сите земји од ЕУ ќе ги уништат вакцините против Ковид, но некаде количините ќе бидат уште поголеми.
Се додава дека, покрај вакцините, во Белгија ќе бидат фрлени и други материјали поврзани со пандемијата како маски и комплети за тестирање – за вкупно 131 милион евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.