Белгискиот премиер Александар де Кро најави денес дека Белгија ќе побара од Украина објаснување за извештаите според кои пушки добиени од Белгија украинските сили ги користеле во конфликтот со руските трупи на територијата на Русија.
Нашето министерство за одбрана и неговите разузнавачки агенции почнаа истрага и бараат информации за да утврдат што точно се случило. Европското оружје ѝ се испорачува на Украина под услов да се користи на украинска територија со цел одбрана на таа територија. Имаме строги контроли за да провериме што се случило“, изјави Де Кро, а пренесува Ројтерс.
Де Кро се воздржа од коментирање на можните последици ако извештаите се потврдат.
Не смееме да избрзуваме, но, ја анализираме ситуацијата и многу сериозно ја сфаќаме, кажа белгискиот премиер.
Вашингтон пост во саботата извести дека украинските борци, кои минатиот месец извршија напад преку украинската граница во рускиот регион Белгород, користеле тактички возила кои ги добиле од САД и Полска и носеле пушки произведени во Белгија и Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.