За време на церемонијата на положување заклетва на рускиот претседател Владимир Путин заедно со оклопната лимузина Aurus Senat, продефилираа девет елегантни мотоцикли Aurus.
Еве неколку факти и бројки за електричниот мотор Aurus Merlon:
Aurus Merlon има комплетно домашно производство на високонапонска влечна батерија, електричен мотор, систем за контрола на моќноста (вклучувајќи софтвер), електронска инструмент табла осетлива на допир, LED оптика, елементи за суспензија и систем на термостат. Овој врвен мотоцикл е дизајниран како погон на задните тркала, но може да работи и во рикверц.
Технички карактеристики:
Електричен мотор од 190 КС со 350 Nm вртежен момент;
Максимална брзина од 240 km/h .Забрзува до 100 km/h за помалку од 4 секунди;
Батеријата од 21 kWh, кога е целосно наполнета, обезбедува доволно енергија за патување 200 km.
. Aurus Merlon е прилагоден да работи на температури кои се движат од -25º до +40ºC и може да се движи со голема брзина по лизгави патишта.
Задолжителни карактеристики вклучуваат:
Сопирачки против блокирање
Контрола на тракција
Електрично ветробранско стакло
Грејни седишта и контроли на воланот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.