Младенче делфин починало откако тинејџер од Флорида го извлекол од морето за да се напарави фотографија на Инстаграм. Осомничениот 19-годишник, кој допрва треба да биде обвинет, тврди дека делфинот веќе бил мртов кога го нашол под мостот во близина на Насау Саунд.
Тинејџерот, кој не е именуван, претходно споделил објави во кои смртта на делфинот ја нарекол „несреќа“ и на фотографијата напишал „Еднаш во животот“, пишува „Дејли мејл“. Подоцна, морските биолози потврдиле дека делфинот на фотографијата е истиот што бил пронајден мртов неколку дена подоцна.
Оттогаш и двете објави се избришани, но тоа ја налути јавноста, па дури и предизвикаа федерална истрага предводена од Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).
Формата на перката, која е единствена за секој делфин, се совпаѓа со онаа на фотографијата на која тој го држи делфинот“, изјави д-р Квинси Гибсон од Програмата за истражување на делфини на Универзитетот во Cеверна Флорида.
Гибсон додава дека фотографијата што ја направил тинејџерот е речиси сигурно направена под мостот, каде што набргу потоа биолог го пронашол мртвиот делфин.
Контроверзната фотографија предизвика бура од реакции на интернет, а тинејџерот тврди дека поради објавата добил смртни закани. Потоа тој се извини велејќи дека не го фатил делфинот, туку само го нашол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.