Два дена откако е откриен идентитетот на жена од БиХ, по која трага полицијата од Штутгард, за кражба на милион евра, се појавија нови детали за нејзиниот живот.
Станува збор за Мирнеса С., по потекло од БиХ, која работела во компанија за транспорт на пари, од каде украла милион евра. Во Штутгард е позната под прекарот Мики, а пред оваа компанија, работела како келнерка.
Во разоткривање на нејзиниот идентитет, бил клучен нејзиниот Инстаграм профил, на кој објавувала фотографии кои покажуваат како се забавува, облечена во скапоцена облека.
Да, ова е крајно необичен животен стил на жена, која наводно работела како телефонска операторка во компанија за транспорт на пари, пишува Билд.
Новинарите на Билд го посетиле соседството во кое живеела, а еден од соседите, кој сакал да остане анонимен, рекол: Ја гледав кога шеташе, беше навистина упадлива појава. Своевремено се претставуваше како менаџерка на филијала- рекол тој
Како што пренесува Билд, едно е сигурно, парите не ги земала постепено во подолг период, туку целата сума ја украла одеднаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.